Посебен режим на сообраќај за утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре, вторник (11.07.2023), поради одржување на марш на мирот во организација на Бошњачкиот национален совет на Република Македонија, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот. Имено, со почеток од 18.30 часот па сѐ до завршување на маршот сообраќајот ќе се пренасочува на дел од ул.„Христијан Тодоровски-Карпош“ од крстосницата со ул.„Втора Македонска Бригада“, дел од ул.„Џон Кенеди“ со ул.„Кемал Сејфула“, потегот од ул.„Цветан Димов“ до ул.„Џон Кенеди“ и од ул.„Цветан Димов“ до бул.„Крсте Петков Мисирков“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива маршот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…