Објавено на:

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради блокади на патиштата од ССМ

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека утре, понеделник, во периодот од 07.00 до 10.00 часот, поради одржување на протест од страна на Сојузот на синдикати на Македонија, ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај на сите сообраќајници што гравитираат околу крстосницата на бул. „Александар Македонски” со ул. „16. Македонска бригада” во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по тие сообраќајници, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните улици.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива протестот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 1.670 евра до над 2.150 евра…

Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…

Водата во Скопје е безбедна за пиење

Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…

Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…

Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…

Водата во Скопје е исправна за пиење,…

Водата во Скопје е безбедна и ги…

Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“

Зголемен број возила се регистрира на патиштата…