Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради Задушница
Поради верскиот празник Задушница, утре во Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, соопшти МВР.
Со почеток од 06.00 часот сообраќајот ќе се одвива во една насока (кружно), односно, сите возила ќе се упатат по ул.„Бутелска“, лево по ул.„Александар Урдаревски“, лево по ул.„Боца Иванова“ и десно до влезот на гробишта Бутел, а за излез од гробишта, десно по ул.„Боца Иванова“, до кружниот тек на ул.„Бутелска“, па лево по ул.„Бутелска“ и десно по ул.„Кемал Сејфула“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците опфатени со посебниот режим на сообраќај.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1.670 евра до над 2.150 евра…
Пазарот на недвижности во Европа продолжува да…
Водата во Скопје е безбедна за пиење
Водата во Скопје е квалитетна и безбедна…
Вечерва ќе се спроведе 13-тата дезинсекција против…
Вечерва на подрачјето на градот Скопје, ќе…
Водата во Скопје е исправна за пиење,…
Водата во Скопје е безбедна и ги…
Засилен сообраќај, најмногу се чека на „Богородица“
Зголемен број возила се регистрира на патиштата…