Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека утре (01.05.2023) во периодот од 10.00 часот до 12.30 часот е најавен протест организиран од страна на Конфедерација на слободни синдикати на Македонија со траса на движење од пред канцелариите на КСС на ул.„50-та Дивизија“, по ул.„Јордан Мијалков“, бул.„Климент Охридски“ се до Владата на Република Македонија на бул.„Илинден“.
Исто така, со почеток во 12.00 часот најавен е протест организиран од страна на Сојузот на синдикатите на Македонија со траса на движење од пред зградата на Сојузот на синдикатите на Македонија во Скопје на ул.„Мирче Ацев“ кон Собранието на Република Македонија по ул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„11-ти Октомври“ и по ул.„Димитрие Чуповски“, потоа кон седиштето на Стопанската комора на Македонија и со завршеток на бул.„Илинден“ пред Владата на Република Македонија.
Од тие причини СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници на подрачјето на Град Скопје. При тоа МВР апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зошто странски фирми заминуваат од Србија: Во…
Странските компании како „Дрексел мајер“ и „Астер…
НОВ УДАР ВРЗ УКРАИНСКАТА ЕНЕРГЕТИКА: Над 600.000…
Повеќе од 600.000 луѓе останале без електрична…
САЈБЕРНАПАДИТЕ СТИГНАА ДО Г7: Тајани бара заеднички…
Министрите за надворешни работи на Г7 ќе…
Македонската атлетичарка Митевска осма во финалето на…
Младата македонска атлетичарка Ева Митевска го освои…
Кој е Јово Бакиќ, претендентот за нов…
ово Бакиќ, професор по социологија и долгогодишен…