Посебен самит на ЕУ посветен на Украина и последиците од руската агресија
Лидерите на земјите-членки на ЕУ в понеделник и вторник ќе се соберат во Брисел на специјален самит посветен на Украина и последиците за Русија од руската агресија врз таа земја. Украинскиот претседател Володимир Зеленски на почетокот на самитот ќе им се обрати на лидерите на ЕУ преку видео врска.
Руската агресија врз Украина ја загрози безбедноста на храната, предизвика големо зголемување на цените на енергијата и целосно ја разоткри сегашната политика на потпирање на евтината руска енергија, нафта и гас.
Европската унија досега воведе пет пакети санкции против Русија од почетокот на инвазијата на Украина, но таа е заглавена на шестиот пакет, кој предвидува ембарго на руската нафта.
Главна пречка е Унгарија, која бара ослободување од забраната за увоз на руска нафта или голема финансиска компензација за нејзината согласност за шестиот пакет санкции. Унгарија на тој начин го наруши европското единство, што се смета за еден од основните предуслови за успешно спротивставување на агресивната политика на рускиот претседател Владимир Путин.
Една од идеите што се разгледуваат е да се одвои увозот на нафта што доаѓа во Европа преку нафтоводот Дружба и нафтата што се испорачува со бродови, со што ќе се овозможи можност за земјите кои немаат излез на море уште некое време да снабдуваат нафта преку нафтоводот.
Но, засега се уште нема консензус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Фон дер Лајен контра дел од…
Македонски јазик и култура постојат и тие…
(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…
Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…
Велика Британија во разговори со ЕУ за…
Велика Британија учествува во разговорите во Брисел…
Зеленски: Разговорите со ЕУ за финансирањето на…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека…
Дизелот во ЕУ достигна нов рекорд: 2,24…
Просечната цена на дизелот на бензинските пумпи…