Посета на Маричиќ на Соединетите Американски Држави

t

Првиот заменик-претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ од денес престојува во дводневна работна посета на Соединетите Американски Држави.

Целта на посетата на вицепремиерот Маричиќ е учество на Конференцијата The European Dream 2024: A Continent at the Crossroads на престижниот Harvard Kennedy School во Кембриџ, Масачусетс, која ќе се одржи на 9. и 10. Февруари 2024.

Вицепремиерот Маричиќ исто така ќе оствари средби со студенти од нашата држава и од регионот на Западен Балкан кои се наоѓаат на универзитетот на Харвард.

Во рамките на посетата вицепремиерот Маричиќ ќе оствари средби, со Генералниот секретар на Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС) на Европската Унија, Стефано Санино, и други средби со високи претставници.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…

Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…