Посетителите на Шар Планина задолжително да се пријавуваат пред движење во шумски подрачја

t

Јавната установа Национален парк „Шар Планина“ воведува забрана за непријавено движење во шумските подрачја на територијата со која управува, во периодот од 1 јули до 31 август, поради зголемените температури и зголемениот ризик од појава на шумски пожари.

Како што информираат од институцијата, мерката е донесена по препорака на Владата на Република Северна Македонија, во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Од забраната се изземени лицата кои живеат или имаат имоти на Шар Планина.

Посетителите кои сакаат да се движат во паркот ќе треба претходно електронски да ја пријават својата посета преку веб-страницата на Националниот парк или преку формулар за евиденција на посетители, по што ќе добијат потврда за регистрирано движење. Пријава може да се поднесе и во хартиена форма во просториите на установата во работно време.

Од паркот потсетуваат и на обврската за плаќање влез за моторни возила, која може да се реализира електронски или преку СМС-порака, во зависност од категоријата на возилото. Тарифите се движат од 150 до 450 денари, зависно од типот на возилото.

Дополнително, строго е забрането палење оган, користење скара, фрлање отпад и било какви активности кои можат да предизвикаат пожар. За непочитување на мерките се предвидени парични казни согласно Законот за шумите.

Од Националниот парк апелираат посетителите да ги почитуваат правилата и да постапуваат одговорно, со цел заштита на природата и спречување на пожари во летниот период.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанша: ЕУ мора да има еден претставник…

Словенечкиот премиер Јанез Јанша денес изјави дека…

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин:…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Бремена жена со хематоми по телото пријавила…

Четириесет и двегодишна жена од Босна и…

Шефот на „Енвидија“ Јенсен Хуанг поднесе оставка…

Извршниот директор на „Енвидија“ (Nvidia) Јенсен Хуанг…

ТРАМП: НЕ НИ ТРЕБА ДОГОВОР СО ИРАН,…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Соединетите…