Поскапува и парното
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) донесе одлука со која цената на топлинска енергија од 1 август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина.
За потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна Енерџи Еколинк зголемувањето е во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика зголемувањето е за околу 5% за домаќинствата.
„По извршените сеопфатни економско технички анализи за работењето на енергетските компании кои ги снабдуваат потрошувачите со топлинска енергија во Градот Скопје, РКЕ донесе одлука за корекција на цената од 5,96 %, односно просечната сметка ќе се зголеми за 140 денари. (од 2 353 денари на 2 493 денари). Вие го следевте процесот од почеток и јавноста е веќе информирана дека барањата на енергетските компании се движеа од 30% до 130%. Она што е клучно во периодот што следува и кое што ние го подржуваме е спојување на сите компании на ЕСМ за топлинска енергија, а со цел оптимизирање на ресурсите и зголемување на ефикасноста, што би значело поволна цена за потрошувачите. Она што сакам да го споделам со јавноста се резултатите од направените аналзии кои укажуваат дека на годишно ниво жителите на Скопје кои се греат на топлинска енергија имаат најнизок годишен надоместок, за разлика од жителите на Белград, Љубљана, Софија и Сараево.“ посочи Ацо Ристов, претседател на РКЕ.
За една грејна сезона има ново приклучени 1.521 потрошувачи, а вкупно 67.494 потрошувачи се снабдуваат со топлинска енергија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…