Последен час е да сфатиме – мора да се пружи отпор: Сѐ се движи кон ново рекомпонирање на тоа што останало од АСНОМ-ска Македонија

t

Значи, ни се случува повторка и повторка! Се разбира, по наша вина… Живееме под политичка, економска, културна и територијална окупација – ропство, кое ни се наметна како модерна демократска замена за слобода. Каква иронија! Кај нас се пропагира како демократија внатрешниот тероризам. закитен со криминална кокарда, поддржан од надворешниот, поистоветен со хуманизмот! Чиста шизофренија која сѐ повеќе во светот се пласира од моќниците, а за жал и прифаќа од потклекнатите, како здрав разум…., пишува Јагнула Куновска во колумна за Плусинфо.

Таквата инструментализирана политика е лансирана и поддржана од Вашингтон и од Брисел, и од тоа дарување се загрозени највисоко опстојните – идентитетски вредности на македонскиот народ, а тоа е – државата Македонија по чија територија се идентификуваат јазикот, името (од кое мора да го скинеме нестварниот северџански додаток), како и историските, културни, социјални тековини, кои се непобитен дел од македонската колективна свест.

Последен час е да сфатиме: Сѐ се движи кон ново рекомпонирање на тоа што останало од АСНОМ-ска Македонија, без која Македонците – нема да опстоиме. Ако и понатаму, потклекнати, со поклонение го аминуваме и прифаќаме наметнатото од друг, и продолжиме да го трпиме насилството кое отворено и сѐ позасилено се врши врз нас, наскоро и тоа ќе го дочекаме – ќе се самоуништиме.

Сфатете, народе – сепаратизмот е на цена, а тоа е борбата за укинување на македонската држава. Согласете се и со мене, дека – доста е! Крај ставаме на неодговорното наше попуштање на домашните јаничари, предводени од пресоблечените качаци! Така!? Не само дрдорење од мене – тебе… Потребна ни е акција! Отпор! Нека сфати Западот дека како Македонци, нашите работи и ние сакаме да ги гледаме преку сопствениот интерес. За туѓ интерес, колку и да сме притискани и омаловажувани, нема да отстапиме од своето, и да завршиме како пуштени низ вода.

Целата колумна прочитајте ја тука.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…