Последна шанса за влада: ГЕРБ и ПП седнуваат на преговарачка маса
Двете партии со најголем број пратеници во бугарскиот парламент – ГЕРБ на Бојко Борисов и Продолжуваме со промената на Кирил Петков и Асен Василев во вторник седнуваат на преговарачка маса.
Средбата која ќе се одржи во Народното собрание се најавува како експертска. Борисов нема да присуствува, а неговата ГЕРБ ќе ја претставуваат Десислава Атанасова, Кирил Ананиев, Деница Сачева и Дељан Добрев. Во името на ПП, пак, покрај експерти, ќе присуствуваат и копретседателите Петков и Василев.
ансите за формирање влада, но со третиот мандат што би го дал претседателот Румен Радев, лидерот на ГЕРБ ги оцени како 100-отстотни. Според Борисов, изминатата недела покажала дека Бугарија има силен парламент, во кој се собираат доволно големи мнозинства за да се гласаат политики клучни за земјата.
-Како ќе се конфигурира владата? Дали со прв, втор или поверојатно со трет мандат. Тука мора да биде вклучен и претседателот. Како што повика Христо Иванов да се свика Консултативниот совет за национална безбедност. Третиот мандат треба да оди таму каде што ќе има влада и тоа треба да го кажат партиите кај претседателот – изјави Борисов.
Од Продолжување на промената потврдија дека ќе присуствуваат, но потенцираа дека ова не е средба за поддршка на првиот мандат.
-Од самиот почеток на Народното собрание кажавме дека ќе работиме на спроведување на политиките што им ги ветивме на граѓаните – изјави Искрен Арабаџиев од ПП.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јотова ќе бара оставка од шефот на…
Бугарската претседателка Илијана Јотова најави дека ќе…
Бугарија избира претседател, анкетите ја фаворизираат Јотова
Бугарија во недела избира претседател на избори…
ГЕРБ собира потписи за оставка на претседателката…
ГЕРБ собра 39 од потребните 80 потписи…
(Видео) Протест во Софија: „Русија да си…
Протест под мотото „Вашиот „мир“ е капитулација!…
Нападите со дронови во Црното Море го…
Шест бродови се откажале од пристигнување во…