Објавено на:

Последниот хирург ја напушти болницата во Газа, ранетите препуштени на судбината и милоста на Израелците

t

Израел нареди евакуација на цела северна половина на појасот Газа, вклучувајќи го и градот Газа, а како последица на тоа, сите болница кои се наоѓаат во северниот дел престанале да работат.

Хирурзите ја напуштиле и последната градска болница во Газа која била во функција, болницата „Ал Ахил“, откако снемало резерви на анестезија.

Британско-палестинскиот хирург Гхасан Абу Сите на својот тим му кажал дека дошло време да ја напуштат и последната функционална болница во градот Газа.

„Беше кошмар да се остават 500 ранети знаејќи дека не преостанува ништо со што можеш да им помогнеш, едноставно тоа е една од најтешките работи кои сум морал да ги направам“, рекол Абу Сите за „Reuters“, ден откако ја напуштил болницата и дошол во кампот за бегалци Нусеират.

„Не сме веќе во можност да изведуваме операции во болницата. Болницата од сега е станица за прва помош. Стотици ранети сега во болницата немаат пристап до операција. Тие ќе починат од своите рани“, напишал Сита на својот профил на социјалната мрежа „X“.

Сита раскажал дека тој и неговиот тим биле зафатени последните недели згрижувајќи пациенти по израелскиот воздушен напад на џамија во близина, и откако израелските сили ја опколиле, а потоа влегле во најголемата болница во Газа, Ал Шифа.

Израел наредил евакуација на цела северна половина на појасот Газа, вклучувајќи го и градот Газа, а како последица на тоа, сите болница кои се наоѓаат во северниот дел престанале да работат.

Министерството за здравство во Газа соопштило дека до 16-ти ноември само девет од 35 болници во енклавата функционирале делумно.

Болниците во Газа се преполни со пациенти, додека се борат со недостиг на резерви од почетокот на израелските напади кои уследиле по нападот на Хамас на 7-ми октомври на Израел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична пријава за охриѓанец, си оградил повеќе…

СВР Охрид поднесе кривична пријава против лице…

(Видео) Земјотрес од 7,2 степени го погоди…

Земјотрес со интензитет од 7,2 степени по…

САД воведоа нови санкции против Куба, насочени…

САД денес воведоа нови санкции врз Куба,…

Гори кај Никуштак: Интервенираат „ер тракторите“ на…

Во тек е интервенција на пожарот во…

„Август е проклет месец“: Путин под притисок…

Украина му го отежна животот на Владимир…