Последните месеци од неговиот мандат се започнаа проекти без план

t

Во соопштение до медиумите од Град Скопје, велат дека четири години немаше позитивни проекти за Скопје од страна на поранешниот градоначалник.

Соопштението го пренесуваме интегрално:
– „Последните месеци од неговиот мандат се започнаа проекти без план, и без конечна реализација. Не се почнува проект што не може да се заврши од почеток до крај и да не се предвидат сите фази, што не е случај со проектите што ги остави претходниот градоначалник. Истиот тој градоначалник не ја предвиде енергетската криза во месец август и наместо да се занимава со сериозни проблеми приоритет му беше да потпише договор за угостителски услуги. Да беше добар градоначалник граѓаните сигурно ќе му дадеа повторно доверба.

За два месеца се направија работи што останале незавршени со години, за два месеца направен е план за комплетна реконструкција на 10 улици во Скопје што не се реконструирани со години. За овие два месеца се исчистија над 120 депонии во Скопје, се отвори комуникацијата со граѓаните преку канцеларијата за Отворен град, се спроведоа низа мерки за средување на состојбите во јавните претпријатија. Но затоа пак овие два месеца не се доволни да се соберат сите коруптивни зделки на старото раководство за што веќе започна официјална ревизија на работата.

Проблемите на граѓаните нема да ги решат СДСМ со прес-конференции на тема Град Скопје што ги има двапати на ден. Резултатите на терен покажуваат и ќе покажат дека се што се зборува е чиста манипулација и лага.“ – стои во соопштението од Град Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи од Чучер Сандево: Кренете ги главите,…

„Граѓаните вчера ни испратија порака, ги слушнавме.…

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на…

Со исправена глава, поставени на вистински европски…

Скопјанец доби кривична пријава: Пронајдени куршуми во…

ОСОСК поднесе кривична пријава против Ф.С. (34)…

Битиќи: Со Планот за раст на ЕУ…

„Политичката понуда веќе е јасна, само коалицијата…