После Тимчо, уште еден градоначалник од ДПМНЕ ја задолжува општината со „обврзница“
На стартот на новата 2023 година општина Гази Баба ќе се задолжи за околу 5 милиони евра, реагираат од Локалниот огранок во Гази Баба на Политичката партија Левица.
„Една од најголемите, а воедно и една од најбогатите општини на ниво на Македонија, Гази Баба потенцијално ќе биде задолжена за 5 милиони евра преку издавање на обрзници. Тоа е точка на дневен ред на претстојната седница на Советот на општина Гази Баба.
Претстојното задолжување би претставувало скоро 40% од планираните приходи во Основниот буџет за 2023 година. Проценете сами драги граѓани дали ова преставува лошо раководење со општината?
Кога ќе се земе во предвид дека каматните стапки се највисоки во изминатиот период и се уште растат може само да потврдиме дека општина Гази Баба ќе биде падната во една должничка бездна од која ќе биде потребно многу години за да се излезе.
Наместо камати кај лихваробанкарите општината со подобро раководење може да инвестира во капитални проекти на правилен начин и со тоа да допринесе на развој на општината и добробитот на нејзините жители.
Наведените капитални проекти за кои е предвиден задолжувањето ќе бидат процес на повеќегодишно реализирање заради кое најверојатно ќе има дополнителни задолжувања на општина Гази Баба во наредните буџети.
Историски гледано, раководењето на ВМРО-ДПМНЕ често резултирало со големи задолжувања и недовршени капитални проекти кои остануваат како потсетник на алчната власт. Не смее тоа да продолжи понатаму. – реагираат од Левица
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…
Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…
Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…
Србија наскоро би можела да добие претседател…
Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…
Врховниот суд на Канада го остави во…
Со нож ја ограбил среде кафуле во…
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…
Американската армија онеспособила брод што се обидел…
Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…