После 70-тина дена: Обвинители почнуваат со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани
Обвинители почнуваат со поединечно сослушување на семејствата на жртвите од пожарот во Кочани. Преку исказите ќе можат да си ги остварат своите права како оштетени, да се приклучат на кривичниот прогон и директно да се информираат за текот на истрагата.
Од Обвинителството велат дека сè уште е активен повикот до сите останати коишто имаат лични сведоштва за несреќата, информации и докази за работата на клубот „Пулс“, да ги споделат со истрагата.
„Нашиот молк е гласот на оние што трагично заминаа во огнот, молк кој зборува повеќе од 1.000 зборови, ама нема да трае вечно како судењето“ – порачаа родителите на загинатите во трагедијата во Кочани. Во саботата по седми пат се одржа „Марш на ангелите“. Поворката се одвиваше од Паркот на револуцијата, преку полициската станица, општинската зграда, до судот и обвинителството во Кочани. Родителите со слики од трагично загинатите чеда, со солзи во очите, бараат правда.
Во врска со „поканата“ од обвинителството да одат во Обвинителство и да пријават доколку имаат некакви докази, родителите рекоа: ако има други осомничени ќе отидеме, ако не, нема што да не влечат по институции, нас никој не нè викнал, ниту ни се јавил, тие треба да си истражуваат, порачаа родителите од собирот.
Во трагедијата на 16-ти март загинаа 59 лица, тројца повредени кои се лекуваа во странство, ја изгубија битката. Осомничени се 60-на лица. Обвинителството најави дека истрагата ќе заврши до средината на јуни.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Над 90 уапсени во Србија за две…
Повеќе од 90 лица се уапсени во…
Киев Индипендент: Сите зборуваат за Трета светска…
Шведска вложува во војската, ги обновува јавните…
Техеран ги отфрли обвинувањата за хакирање на…
Иранското Министерство за надворешни работи ги отфрли…
ИРАН ГИ ДЕМАНТИРА ПРЕГОВОРИТЕ СО САД: Ормускиот…
Иран категорично ги отфрли информациите дека во…
ЕУ одобри присуство на својата воена мисија…
Европската Унија одобри воспоставување присуство на својата…