Посредничка мисија на шестмина африкански лидери во Русија и Украина
Јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса го информирал својот кинески колега Си Џинпинг за претстојната посредничка мисија на шестмина африкански лидери во Русија и Украина, соопшти денеска јужноафриканското претседателство.
Во мај, Рамафоса рече дека претседателите на Русија и Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски, се согласиле да ја примат мировната мисија. Таа делегација е подготвена да ги посети двете земји во средината на јуни.
Како што соопштија од јужноафриканското претседателство, Си ја поздравил „иницијативата на африканскиот континент и го препознал влијанието што конфликтот во Украина го има врз човечките животи и безбедноста на храната во Африка“.
Африканските земји се тешко погодени од зголемувањето на цените на житото од почетокот на руската инвазија на Украина, главен извозник на пченица и други земјоделски производи. Африка е исто така погодена од поширокото влијание на војната врз светската трговија.
Во африканската делегација ќе бидат претседателите на Конго-Бразавил (Република Конго), Египет, Сенегал, Јужна Африка, Уганда и Замбија.
Медијаторската и мировната мисија доаѓа додека Јужна Африка се обидува да се одбрани од обвинувањата дека, и покрај декларираната неутралност во конфликтот со Украина, застанува на страната на Русија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп изјави дека Украина мора да сака…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја повика Украина…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
Кличко: Украина никогаш нема да се предаде
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, синоќа упати…
Венс: Украина не треба да биде членка…
Украина не треба да биде членка на…
1.500 европски војници ќе тренираат во Полска…
Европските држави ќе одржат воена вежба за…