ПОСТВЕЛИГДЕНСКА ДИЕТА СО ВАРЕНИ ЈАЈЦА: За 6 дена се топат 3 килограми

t

По завршувањето на празниците обично излегуваме со некој килограм повеќе зашто нормално тогаш трпезата е побогата од вообичаеното. А веруваме дека од велигденските јајца се уште имате.

Диетата со јајца се држи шест дена или пак двапати по шест дена, односно само дванаесет дена. Слабеењето е индивидуално, но во просек се губат по 3 до 4 килограми. Диетата оди со консумирање на големо количество на течности, природно цедени сокови и вода. Дневната доза на течности кои треба да се испијат е 2 до 2, 5 литри. За време на ручекот дозволена е чаша бело или црвено вино.

Појадокот и ужината се за сите денови исти.

Појадок – Овошен јогурт. Подобро е ако сами може да го подготвите. За тоа е потребно ацедофилен јогурт (половина литар) и сезонско овошје по желба.

Ужина– Ужината се состои од природно цеден сок од јаболка, морков и грејпфрут, 2 до 3 чаши.
Прв ден.

Ручек – 3 варени јајца, марула, младо кромитче, маслиново масло, маслинки.

Состојките се мешаат и белковините се сосема доволни за да го заситат организмот. На крај од ручекот може да се напиете бистра супа.

Вечера – 2 варени јајца, шопска салата.
Втор ден.

Ручек – Спанаќ се динста со маслиново масло, кромид, лук, домати и морков. Откако спанаќот ќе се издинста се рендаат 2 варени јајца. Дополнително, направете салата од цвекло, морков и зелка.

Вечера – 1 варено јајце со 1-2 лажички немрсна павлака, маслиново масло и младо кромитче се мешаат. Дополнително, направете салата од домати, марула и младо кромитче.
Трет ден.

Третиот ден се базира само на овошје и зеленчук. Овошјето се јаде во претпладневните часови, а салатата е разновидна. Може да се напиете и ацедофилен јогурт.
Четври ден.

Ручек – Вариво од зеленчуци, по можност брокула, карфиол, кељ и прокељ се динстаат со маслиново масло и малку сол. Потоа се додаваат 3 изрендани варени јајца и 1 до 2 лажички немрсна павлака.

Дополнително, салатата направете ја од марула, младо кромитче и маслинки.

Вечера – 1 варено јајце, кромид и краставица.
Петти ден.

Ручек – Издинстана коприва или штавеј со маслиново масло се мешаат со 3 варени јајца, кромид и 3 домати. Може да се напиете и една чаша ацедофилен јогурт.

Салатата направете ја од цвекло, целер и морков.

Вечера – 1 јајце, марула, немрсна павлака, кромид, ацедофилен јогурт.
Шести ден.

Шестиот ден е ист како и третиот ден, само на овошје и зеленчук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Законот за нефер трговски практики да важи…

Дел од трговците и добавувачите сметаат дека…

Николовски: За една година се регистрирани нови 2.508…

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо…

Замрзнатите цени на храната продолжени до 29…

Од Владата информираат дека на денешната владина…

Сите кои моментно се наоѓаат кај Беровско…

ЦУК: Вонредна информација за сите лица кои…

Цистерни со вода, храна и гориво влегуваат…

Израелските власти објавија дека четири цистерни со…