Постоењето на македонска самосвест и победност во полициските извештаи на Бугарија во 1885 година

t

ПОСТОЕЊЕТО НА МАКЕДОНСКАТА САМОСВЕСТ И ПОСЕБНОСТ ВО ПОЛИЦИСКИТЕ ИЗВЕШТАИ НА БУГАРИЈА УШТЕ ВО 1885 ГОД.: “ГОЛЕМА ОПАСНОСТ”

Во 1878 година Бугарија е ослободена од Османлиската Империја но со огромна и пресудна интервенција на Русија, со исходот на руско-турската двогодишна војна која завршила во таа година со победа на Русија и тежок пораз на Османлсиката империја кој завршил со капитулација преточена во санстефанскиот договор. Царска Русија проценила дека другите големи сили нема да дозволат приклонување кон својата територија на толку голем простор на Русија, па одлучила на тој простор да си создаде своја сателит држава: Кнежевство Бугарија.

Одкако пропаднал обидот на царска Русија со Сан Стефанскиот договор својата нова сателит држава да ја направи многу голема, во која меѓу другото била вклучена вардарска и егејска Македонија, по Берлинскиот конгрес истата година продолжиле стремежите и напорите за асимилирање на Македонците во Бугари и создавање нова шанса и можност за нивно приграбување (кое тие го нарекувале ослободување) од Османлиската империја на Македонија кон новоформираноти бугарско кнежевство.

Но, на Македонците иако биле во крајно неповолна ситуација, поробени со векови, без своја држава, автономија и црква, но и екстремно сиромашни и угнетени, не им требале ни лозарите, ни македонската револуционерна организација, ни партизаните да ги чекаат за да знаат што се.

Подолу е полициски извештај од кнежевството Бугарија од далечната 1885 година поврзан со македонската самосвест на Македонците и доказ дека грижите и проблемите во однос на плановите, и во однос на самосвеста на Македонците, уште тогаш ги увидела бугарската држава. Сето тоа преточени во документи службени создадени во Бугарија уште 60 години пред 1945 година, и пред АСНОМ, пред ВМРО (прво име МРО) и пред појавата на лозарите.

* * *

1885 год. Полициски извештај на МНР на Кнежевството Бугарија.

„Дваесеттина младинци од Македонија го злоупотребуваат гостопримството во Кнежевството и започнаа да го шират македонскиот сепаратизам, божемно Македонците не се Бугари, туку претставуваат посебен народ со посебна историја, сегашност и иднина, и како такви претставуваат голема опасност за бугарските обиди околу обединувањето на Македонија со мајката Отечество.”

Понатаму во извештајот се наброени имињата на македонските сепаратисти: „Димитар Алексиев, родум од с. Тресонче, Дебарско; Коста Гиновски, родум од с. Галичник, Дебарско; Коста Групчев родум од Охрид; Васил Карајанов, родум од Скопје; Михаил Јорданов, родум од с. Ѓавато, Битолско; Темко Попов, родум од Охрид; Георги Костов, родум од Прилеп и Никола Јосифов, родум од Тетово.

Димевски, С. „Некои форми…, 195 (Извештај од 18.12.1885).

Македонци милеумски сведоштва…, Б.Светозаревиќ,2022

Објава на Фејсбук на поранешниот премиер Никола Груевски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија забрани реклами за коцкање, казина и…

Националното собрание на Бугарија конечно усвои целосна…

Хилари Клинтон ќе ја посети Бугарија во…

Хилари Клинтон доаѓа на специјален состанок на…

1.325.900 луѓе во Бугарија живеат под прагот…

Во 2023 година, вкупната линија на сиромаштија…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Каква трагедија: Најголемиот „борец“ за права на…

Само како трагедија може да се оквалфикува…