Постојаниот претставник на САД во ОН тврди дека операцијата во Венецуела била полициска акција
Постојаниот претставник на Соединетите Американски Држави во Обединетите нации, Мајк Волц, изјави дека Вашингтон не води војна против Венецуела.
– Како што изјави државниот секретар Марко Рубио, не се води војна против Венецуела и нејзиниот народ. Ние не ја окупираме земјата, рече Волц на седница на Советот за безбедност на ОН, посветена на состојбата во Венецуела.
Тој оцени дека операцијата за апсење на венецуелскиот претседател Николас Мадуро била „акција на органите на редот“, додавајќи дека американскиот претседател Доналд Трамп ѝ дал шанса на дипломатијата и му понудил на Мадуро повеќе можности за излез, во обид за деескалација.
– САД нема да се двоумат да преземат дејствија за заштита на Американците од наркотероризмот и сакаат мир, слобода и правда за народот на Венецуела, истакна Волц.
Тој додаде дека Вашингтон нема да дозволи неговите противници, конкуренти и ривали да ја користат Западната Хемисфера за свои цели. – Станува збор за Западната Хемисфера. Ние живееме тука и нема да дозволиме тоа да биде база за операции на противници и ривали на Соединетите Американски Држави, рече Волц.
Во меѓувреме, заменик-постојаниот претставник на Кина во ОН, Сун Леј, изјави дека Пекинг решително ги осудува, како што рече, незаконските и хулигански дејствија на САД во однос на Венецуела.
– Кина е длабоко шокирана и решително ги осудува едностраните, незаконски и хулигански дејствија на САД, изјави Сун Леј на седницата на Советот за безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Почина бизнисменот Огњан Циговски
По долгогодишно боледување почина бизнисменот Огњан Циговски.…
Охридското Езеро порибено со два милиони пастрмка…
Два милиони пастрмка коран беа пуштени овој…
Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска…
Потврдени се вкупно 44 случаи на западнонилска…
Вечерва ќе се прска против комарци на…
Град Скопје, во соработка со Општина Кисела…
Теле било спасено на Китка, ама директорот…
Навистина е спасено теле во пожарот на…