Потврдени нови 269 случаи на коронавирус во текот на изминатото деноноќие, животот го загубија седум лица

t

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 3.449 тестирања, а регистрирани се 269 нови случаи на КОВИД-19.

По градови состојбата е следна: Скопје – 142, Битола – 17, Охрид –16, Кавадарци и Струмица – по 14, Прилеп – 13, Велес – 9, Штип и Ресен – по 7, Валандово – 5, Тетово и Крива Паланка – по 4, Гевгелија и Неготино – по 3, Куманово, Радовиш, Богданци и Демир Хисар – по 2, Свети Николе, Берово и Крушево – по 1.

Регистрирани сe 353 оздравени пациенти од: Скопје – 165, Прилеп – 30, Битола – 29, Кавадарци – 24, Куманово – 12, Охрид – 11, Радовиш – 10, Велес – 9, Струмица и Валандово – по 7, Штип, Гевгелија, Неготино и Демир Хисар – по 6, Кочани – 5, Крива Паланка, Богданци и Кичево – по 3, Ресен, Тетово, Берово, Струга, Делчево, Пробиштип, Кратово, Македонски Брод, Македонска Каменица, Демир Капија и Дојран – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: 2 починати лица од Скопје (73г и 84г) и по едно починато лице од Велес (71г), Свети Николе (71г), Кавадарци (69г), Берово (68г) и Радовиш (73г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 8 лица, починати во период од 29.11-19.12.2021 година. Починатите љлица се од Скопје (2), Прилеп (1), Куманово (1), Битола (1), Кочани (1), Делчево (1) и Тетово (1). Починатите лица се на возраст од 57г до 93г. Од пријавените, 2 лица се починати во болнички услови, а 6 лица се починати во домашни услови.

Направени се 3.449 тестови преку: ИЈЗ-265, ЦЈЗ Скопје-70, ЦЈЗ Битола-87, ЦЈЗ Прилеп-54, ЦЈЗ Тетово–6, ЦЈЗ Куманово-69, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-16, УК Пулмологија со алергологија –1, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–159, Жан Митрев (Филип Втори)-65, Авицена-153, Биотек-160, Систина-70, лабораторија Лаор-134, Синлаб-18, Ремедика-17, Плодност–52, Генеа-14, Никоб лаб-358, ВФВ Медикал-55, Ели Медика-74, Ројал Медика–29, Спектра-ММ-13, Рапид Лаб–15, Жан Митрев Струмица–26, Нова Лаб Дијагностика–4, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.464.

Досега во земјата се направени вкупно 1.562.088 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 222.333, бројот на оздравени пациенти е 209.291, на починати е 7.868, а бројот на активни случаи изнесува 5.174.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ГЛАСА И СО…

Пратениците денеска го изгласаа Изборниот законик, со…

Исчезна 14-годишната Ринеса: Ако имате било каква…

Новинарот Фуркан Салиу, објави дека е исчезнато…

Европскиот план за развој на Западен Балкан…

САД ја поддржуваат ЕУ во намерата да…

Пендаровски-Османи: Заеднички напори за стабилност во регионот

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Приштина, во…