Потврден случај на тифус во Хрватска
Дијагнозата на тифусна треска е потврдена кај еден пациент на Клиниката за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ“ во Загреб, соопштија од медицинската установа.
Според болницата, случајот со тифусна треска е потврден кај возрасен човек кој најверојатно се заразил во странство.
Од таму додаваат дека увозните случаи на оваа болест не се невообичаени, бидејќи болеста се уште е ендемична во некои делови од светот.
Потенцираме дека претходните години имавме повремен увоз на тифусна треска, но немаше натамошно ширење на инфекцијата на контакти. Како и кај другите заразни болести, важно е брзо идентификување и лекување на болното лице, епидемиолошки и микробиолошки третман на контактите и спроведување на антиепидемиски мерки во соработка со надлежниот епидемиолог, соопштуваат од болницата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хрватска ги укинува класичните патарини, од 2027…
Хрватска од 1 март 2027 година воведува…
Во големиот пожар во Хрватска изгореа 106…
Во пожарот што во ноќта меѓу 13…
Емотивна фотографија од Хрватска — среде гаснење…
Пожарникарите од Корчула додека гаснеле пожари спасиле…
Температурни рекорди во Хрватска: Сплит 39,7, Дубровник…
Екстремната жештина во Хрватска собори температурни рекорди…
Сообраќаен колапс меѓу Хрватска и Црна Гора:…
На граничните премини меѓу Хрватска и Црна…