Потегот на Путин ја подисплаши Литванија – Во подготвеност ЕДИНИЦАТА ЗА ИТНИ ОПЕРАЦИИ
Литванскиот министер за одбрана Арвидас Анусаускас денеска издаде наредба итно да се стави во подготвеност единицата за итни операции.
Неговиот потег уследи веднаш откако рускиот претседател Владимир Путин утринава објави дека прогласува делумна мобилизација поради инвазијата во Украина и објасни дека Литванија мора да ги преземе сите чекори за да спречи каква било провокација од Русија.
Анушаускас додаде дека треба да се знае дека тоа што го нареди Путин ќе се случи на границата со Литванија, мислејќи на руската ексклава Калининград.
Во меѓувреме, Латвија, која исто така е во страв, најави дека ќе се консултира со своите сојузници и партнери за најновите случувања и ќе разговара за можните мерки што би можела да ги преземе.
Латвискиот министер за надворешни работи Едгарс Ринкевич најави дека неговата земја, од безбедносни причини, нема да издава визи за руските граѓани кои би можеле да побегнат во нивната земја за да избегнат мобилизација.
Финска, исто така, внимателно ја следи ситуацијата во соседна Русија по указот на рускиот претседател, изјави денеска финскиот министер за одбрана Анти Кајконен.
„Со оглед на околината, можам да кажам дека ситуацијата е стабилна и мирна, а нашите сили се добро подготвени“, рече Кајконен, пренесе Ројтерс.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…