Потпишан договорот за интерконекција: Македонија ќе може да се снабдува со гас од Бугарија

t

Бугарскиот оператор за пренос на гас „Булгартрансгаз“ ЕАД и операторот на системот за пренос на гас на Република Македонија „ГА-МА“ АД потпишаа договор за интерконекција на точката Ќустендил/Жидилово. Така, Македонија доби можност да ги диверзифицира испораките на гас, јави репортерот на БГНЕС.

Договорот го потпишаа Владимир Малинов, извршен директор на „Булгартрансгаз“ и Александар Арсиќ, извршен директор на операторот на системот за пренос на гас на Република Македонија „ГА-МА“ АД.

Владимир Малинов истакна дека овој договор е резултат на долгогодишна работа. „Со овој документ се дава дополнителна можност за алтернативно снабдување со природен гас на РМ и се дава можност и за користење на складиштето, чиј сопственик е Булгартрансгаз“, нагласи тој. Малинов прецизираше дека на годишно ниво количината на природен гас што ќе поминува по трасата е околу 500 илјади кубни метри дневно и околу 180-200 милиони кубни метри годишно.

Извршниот директор на македонскиот оператор Александар Арсиќ истакна дека со овој договор РМ се стекнува со либерализација на природниот гас. „Ова е историски ден меѓу двете земји“, додаде тој.

Документот беше потпишан во присуство на в.д. министер за енергетика Росен Христов, министерот за економија на Република Македонија Крешник Бектеши и амбасадорката Агнеса Руси.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев со застрашувачки изјави: Во вториот круг…

Изборите се многу тревожен сигнал за целото…

Каде исчезнуваат „Бугарите“? Само 352 бугарски државјани…

Само 352 бугарски државјани гласале на седумте…

Тесна разлика во Бугарија: Јотова води пред…

При обработени 98,99 отсто од записниците во…

Борисов: Чудно ми е како Радев знае…

Бојко Борисов денеска го искористи своето право…

Бугарија оди во втор круг: Јотова и…

Рекордно ниска излезност го одбележа првиот круг…