Потрагата по исчезнатиот човек од Крушево продолжува во насока на шумските појаси
Потрагата по исчезнатиот човек од Крушево продолжува и денеска кон шумските појаси, известуваат од Центарот за управување со кризи.
– Денеска, од 09:00 часот, продолжи потрагата по исчезнатото лице, кон шумските појаси во Крушевско. Регионалниот ЦУК Крушево е во координација со сите екипи од институциите и редовно добива информации.
Инаку, потрагата по исчезнатото лице од Крушево трае во континуитет од самото пријавување во МВР во четвртокот, на 22.12.2022 година, но исчезнатото лице се уште не е пронајдено. Во текот на денешниот ден во потрагата учествуваат 22 полициски службеници од ОВР Крушево, 14 војници од АРМ со 1 куче – трагач, 1 пожарникар од ТППЕ Крушево, Регионалниот РЦУК Крушево со 4 лица вработени, ПО ДЗС со 3 вработени, екипа од Шумска полиција 2 со 1 возило и околу 20-тина граѓани доброволци. Повторно се пребаруваат сите околни места, шумските појаси, низинските места и селските населени места (колиби, напуштени куќи, штали) – информираат од ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Крушево пристигнаа повеќе од 150 коњаници
Со традиции и благослови, крушевчани вечерва официјално…
АЛАРМ во Судскиот совет! Никој не се…
На огласот за избор на претседатели на…
Ќе се прегласува во Охрид и во…
Државната изборна комисија вечерва го поништи гласањето…
Регистрирани првите случаи на голема кашлица во…
Нови 22 случаи на голема кашлица се…
(Видео) Ибраимоски и Глигорова од Крушево: Конкретни…
Носителот на пратеничката листа во ИЕ 5…