Објавено на:

ПОТРЕБНА Е ХЕМИЈА МЕЃУ МАКЕДОНИЈА И БУГАРИЈА: Бугарскиот амбасадор вели дека времето е во наши раце

t

Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата, рече Ангел Ангелов. Според него дипломатијата е во дијалогот и во остварувањето средби, во кои треба да има меѓусебна хемија.

Бугарскиот амбасадор во Македонија, Ангел Ангелов, на вечерашното одбележување на 3 март, Националниот празник на неговата земја, изјави дека во основата на дипломатијата е дијалогот, а улогата да дипломатите е да градат мостови.

– Ова е можно само преку остварување средби и контакти – потребна е хемија, и во оваа смисла нашата улога е да бидеме хемичари. Соочени сме пред нови предизвици – агресијата на Русија врз Украина, ние остро ги осудуваме овие дејствија. Војната покажа дека беше од голема важност членството на Република Македонија во НАТО, нешто што Бугарија безусловно го поддржа – рече Ангелов на настанот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.

– Република Македонија има можност да почне вистински преговори со ЕУ, по исполнувањето на нејзините обврски усвоени од Парламентот и од Советот на ЕУ. Улогата на евроинтеграцискиот процес е важна, се работи за модернизирање на општеството, владеење на правото, екологијата, одбраната, образованието… – вели тој.

Според него, фактот дека билатералната трговија се зголеми на една милијарда евра во 2022, првпат во историјата, покажува дека правецот е добар и дека добрососедските односи немаат алтернатива.

– Времето е во ваши раце. Ние ќе продолжиме да бидеме тука, ќе ги продолжиме програмите и проектите за поддршка на земјата – рече Ангелов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЈО за отворање случај за Алта банка:…

Јавното обвинителство оформува предмети врз основа на…

Бабата на убиецот од Краков: Бил одличен…

Бабата на 24-годишниот Михал О., осомничен за…

Мицкоски: Очекувам аукцијата за отуѓување на акциите…

Премиерот Христијан Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување…

Приведен е братот на Виктор Орбан осомничен…

Братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан,…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…