Потресен апел за спас, 15 лица заробени во поплавите во Грција: „Нивото на водата брзо се зголемува, змии ни влегоа дома!”

t

Драматичен апел за спасување на 15 заробени , од кои десет се луѓе во постари години и со здравствени проблеми, упати жител на Маратеа Кардице во Грција.

Како што пишува во апелот за помош објавен на фејсбук, сите луѓе се собрани на првиот спрат од куќа, не спиеле со денови, уморни се и гладни, а немаат никаква можност да се преселат на друго безбедно место.

Во објавата, која е придружена со шокантни фотографии, се гледа дека спас од надојдената вода не бараат само жителите на Маратеа Кардице туки и змиите, кои се качиле на терасите и се замотале на оградите од куќата, пренесува Prototema.gr.

„За секој кој може да помогне. Зошто сите заборавија на Маратеа? Во стапицата сме петнаесетина, од кои десет се постари лица со деменција или проблеми со подвижноста. Моравме да помогнеме синоќа и ги собравме луѓето на првиот кат од празната куќа од која ги имавме клучевите. Од утрото очајнички бараме префрлање на безбедно место, но не добиваме никаков одговор. Старите од синоќа се без залак леб, без место за одмор, ненаспани и исцрпени, прашуваат во објавата.

Водата забрзано надоаѓа, а водните змии излегуваат на површина, цела куќа е опколена со нив. На кого и да се јавивме не најдовме одговор. Поради оваа причина преку Фејсбук апелирам за итна помош, моли загрижениот жител на Маратеа Кардице во Грција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

82-годишник почина по кавга за лежалка во…

Неверојатна трагедија се случила рано утрово на…

Два земјотреси се регистрирани денес во Грција

Два посилни земјотреса беа регистрирани во Грција…

Во Кожани ќе се гради ДАТА ЦЕНТАР…

Еден од најголемите центри за податоци во…

Турција и Грција ја освојуваат Месечината

Турција планира да го испрати својот прв…

Напад од диво животно на Халкидики: Шакал…

Дете на возраст од околу пет години…