ПОТРЕСИ НА ЧИЗМАТА! Судот одлучи: На Јувентус ќе му бидат одземени 15 бода, следи вртоглав пад на табелата!

t

Федералниот апелационен суд во Италија го прифати барањето на обвинителот на Италијанската Фудбалска Федерација и оваа вечер изрече казна која ги фрли во очај навивачите на Јувентус.

Клубот од Торино заработи жестока казна за малверзацијата со пари и прикривање на суми од трансфери и договори од гарнитурата предводена од Андреа Ањели, па фалсификувањето на документи ќе биде платено со одеземени 15 бода на првенствената табела.

Федералниот суд ја донесе оваа одлука по официјалниот допис кој денеска го испрати Џузепе Чине, спортскиот обвинител од Италијанската Фудбалска Федерација кој имаше неколку барања.

Тој побара експресна суспензија за Ањели, Паратичи, Черубини и Недвед, но предложи дека Јувентус треба да биде казнет и со одземање на девет бодови.

Наместо девет, Федералниот судија процени дека казната треба да биде поостра, па Јувентус е казнет со одземање на 15 бодови на првенствената табела во Серија А. Истовремено, потврдени се казните на поранешните директори во клубот (30 месеци суспензија за Паратичи, 24 месеци за Ањели и Аривабене, 16 месеци за Черубини, 8 месеци за Недвед, Гаримберти, Велано, Вениер, Хјуз, Марилунго и Ронкалјо).

Тоа значи дека Јуве по ново ќе има 22 поени и ќе биде на делба на 11-то место во Калчо лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Босанец (29) со нож и пиштол им…

Италијанските медиуми пренесуваат дека во Рим е…

Млад фудбалер загина во сообраќајна несреќа

Трагична вест го потресе Тетово. Во раните…

Андоновски: Со м.Услуги личната карта и возачката…

Мобилната апликација м.Услуги е подготвена и е…

Експлозија во уште едно складиште за оружје…

Силна експлозија предизвика пожар во магацин за…

Невреме зафати повеќе делови од Македонија, има…

Нестабилното време постепено зафаќа повеќе делови од…