Потpecна исповед на Русинка од Донбас: Не грaнатираат дење и ноќе, децата се прeплашени, моравме да заминеме
Русите од вчера попладне се евакуираат од Донбас.
„Не сакам да одам. Но со оваа ситуација – имаме војна, гранатирање, нашите кутри деца исто така плачат, се плашат“, вели една мајка со солзи во очите.
„Имам две деца, решив да се евакуирам со нив. Бидејќи е многу тешко, не гранатираат секој ден, дење и ноќе“, објаснила таа.
Потсетуваме дека лидерот на ДНР Денис Пушилин на 18 февруари изјави дека украинските војници се подготвени за офанзива во Донбас.
Лидерите на ДНР и ЛНР најавија почеток на привремена масовна евакуација на населението во Русија. Жените, децата и постарите првенствено се евакуирани.
Рускиот претседател Владимир Путин во телефонски разговор со францускиот лидер Емануел Макрон изјави дека причина за ескалацијата на ситуацијата во Донбас се провокациите на украинските безбедносни сили, соопшти денеска Кремљ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…