Почина Благојче Трпевски, поранешен пратеник и долгогодишен јавен работник
Поранешниот пратеник и јавен работник Благојче Трпевски почина, а веста на социјалните мрежи ја сподели поранешниот премиер Димитар Ковачевски, кој упати сочувство до неговото семејство и блиските.
Ковачевски во објавата истакна дека Трпевски ќе биде запаметен како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек, кој во текот на својата кариера оставил значаен придонес во јавниот живот.
„Денеска не напушти Благојче Трпевски кој ќе го паметиме како исклучително чесен, принципиелен и искрен човек. Беше вистински професионалец и поранешен пратеник во Собранието, човек кој неуморно работеше на реализацијата на патниот Коридор 8 и на развојот на државата. Неговата посветеност, човечност и борба за социјалдемократските вредности ќе останат трајно запаметени“, напиша Ковачевски.
Тој упати искрено сочувство до семејството и пријателите на Трпевски, посакувајќи му вечна слава.
Семејството на Трпевски пред неколку години ја доживеа и една од најголемите лични трагедии. Неговиот син Јовица Трпевски (25) беше меѓу 13-те жртви во тешката сообраќајна несреќа со автобусот на „Дурмо турс“, што се случи во февруари 2019 година на автопатот Скопје–Тетово, кога автобус со околу 50 патници излета од патот и се преврте.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Силен земјотрес ја потресе Шпанија – има…
Земјотрес со јачина од 4,7 степени според…
Сајбер напад во Латвија: Украдени податоци за…
Во сајбер напад од големи размери се…
Братучедот на Башар ал Асад осуден на…
Судијата Фар ал-Дин ал-Арјан го прогласи Васим…
(Видео) Француски турист убиен во Ксамил поради…
Француски турист е пронајден мртов во Ксамил,…
За шест часа полицијата казни 166 пешаци
МВР информира дека во текот на вчерашниот…