Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

t

Ненадејно почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски.

Илиевски беше роден на 3 мај 1968 година. Беше градоначалник на Брвеница од 2021 година, реизбран и на последните локални избори, а претходно, од 2013 до 2017 година, тој беше член на советот на Општината.

Веста на социјалните мрежи ја соопшти премиерот Христијан Мицкоски, кој посочи дека неговото дело и спомен нема да бидат заборавени.

„Со длабока тага ја примив веста за ненадејната смрт на Јовица Илиевски, градоначалникот на општина Брвеница.

Јовица беше работлив, чесен и скромен човек, целосно посветен на луѓето и на општината што ја водеше.

Функцијата ја разбираше како обврска кон граѓаните, а довербата што ја доби ја оправдуваше со работа, со присуство и со резултати.

Беше секогаш меѓу луѓето. Ги слушаше, им помагаше и се бореше за нивните потреби. Затоа граѓаните му ја дадоа довербата и за втор мандат.

Ќе го паметиме и како голем вљубеник во спортот, човек со силна енергија, искрен пристап и отворено срце.

Во овие болни моменти, моите мисли се со неговото семејство, со неговите најблиски, со граѓаните на Брвеница и со сите што го познаваа и почитуваа.

Јоцо на последните избори ја добивме најважната битка за твојата Брвеница, твоето дело и споменот за тебе нема да биде заборавен.

Вечен спомен“, напиша Мицкоски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сериозни проблеми: Прекин во Microsoft 365 во…

Прекин во услугите на Microsoft на 12…

Две години затвор за поранешниот директор на…

Основниот суд во Битола му изрече две…

Тошковски: Ива Михајлова не е регистрирана на…

Досегашната истрага за бегството на Ива Михајлова…

Кушнер и Виткоф во Москва по договорот…

Американските пратеници Џаред Кушнер и Стив Виткоф…

Иран предупреди дека ќе одговори и на…

Претседателот на иранскиот парламент и главен преговарач…