Почина Душко Миновски, првиот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација
Почина Душко Миновски, првиот претседател на Комисијата за заштита од дискриминација.
Тој ја водеше комисија од нејзиното основање, во периодот од 2011 до 2016 година. Миновски беше и државен секретар во Министерството за труд и социјална политика, како и државен советник за стратешко планирање и меѓуресорска координација на проекти за реформа на јавната администрација.
Миновски беше познат како теренски работник, а имаше и долгогодишно искуство во социјалната служба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рано утрово Душко ја фатил за коси…
Рано утринава околу 5 часот српската пејачка…