Почина Д-р. Никола Стојановски, првиот претседавач со повеќепартиското Собрание

t

Почина д-р Никола Стојановски, кој долги години раководеше со Сојузот на борците на Македонија и ја водеше конститутивната седница на првото повеќепартиско Собрание.

Како учесник во Народноослободителната борба, Стојановски беше еден од живите сведоци на штрајкот на велешките гимназијалци од март 1942 година, организиран против воведувањето на бугарскиот јазик во наставата. Во јануари 1991 година, како најстар пратеник во тогашниот состав, претседаваше со првата конститутивна седница на повеќепартиското македонско Собрание.

Стојановски е роден на 8 февруари 1923 година во селото Скачинци, Велешко. Медицинскиот факултет го завршил во Белград во 1952 година, а шест години подоцна во Загреб стекнал звање специјалист по педијатрија. Целиот свој работен век го посвети на докторската професија, а во дел од својата кариера ги извршуваше и управувачките функции како директор на Велешката болница.

И по стотиот роденден остана активен во јавноста. Често учествуваше на државни одбележувања, комеморации и историски настани, сведочејќи за периодот во кој се создавале темелите на современата македонска држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ДОБРА ВЕСТ! Младиот Никола ја победи болеста!

Во објава на својата официјална страна на…