Објавено на:

Почина еден од адвокатите на Заев кој го бранеше во “Поткуп”

t

По кратко боледување, на 65-годишна возраст денеска почина Јаким Наумов – Јаче.

Наумов во јавноста беше познат како адвокат што ги застапуваше припадниците на единицата за брзи интервенции „Лавови”, како и едукатор и стопанственик од Куманово.

Тој во повеќе процеси без паричен надомест ги застапуваше припадниците на единицата на МВР.

Погребот на Наумов ќе се изврши на градските гробишта во Куманово, утре во 13 часот.

Јавноста го памети Наумов и како дел од адвокатскиот тим на поранешниот премиер Зоран Заев, кого Наумов го бранеше пред судот во случајот „Поткуп“.

Извор : Breaking News Macedonia

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ