Почина еден од двајцата застрелани во Арачиново

t

Еден од двајцата застрелани вечерва во Арачиново им подлегнал на повредите, дознава „Инфомакс“ од извори во МВР.

Според информациите, загинал Сељадин Асани, додека Армин Асани, со кого загинатиот е во роднинска врска, е ранет и тој ќе биде опериран. Напаѓачите исто така се од Арачиново и ѝ се познати на полицијата.

МВР претходно соопшти дека двајца застрелани во инцидент со огнено оружје се примени на скопските клиники откако во нив пукале напаѓачи од автомобил „Ауди“.

„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с.Арачиново. Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило „Ауди”, соопшти МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија претпоследна во Европа по минимална плата

Според најновите податоци на Евростат, Македонија е…

Филков: Максим Димитриевски кандидат во Куманово, ЗНАМ…

Претседавачот на Централниот одбор на ЗНАМ Игор…

Нема веќе “Никогаш Северна”: Седум години од…

На денешен ден, 17 јуни, пред точно…

СТАНАРИ ВО СКОПСКИ АЕРОДРОМ БАРААТ ПОМОШ ОД…

Две години жителите во зграда на булевар…

Дали пратениците од ВМРО-ДПМНЕ денес ќе се…

Денес на дневен ред на Постојаната анкетна…