Објавено на:

Почина еден од повредените во пукањето во барот „Бон Вивант“ во Приштина

t

Едно лице им подлегна на повредите по пукотницата што се случила нешто пред полноќ во барот „Бон Вивант“ во Приштина. Како што потврдија од косовската полиција, повредени се други 16 лица на возраст од 20 до 40 години.

Портпаролот на Регионалната полиција на Приштина, Агрон Боровци, за медиумите изјави дека околу 23 часот и 30 минути било пријавено пукање во кафеана на улицата Реџеп Луча во Приштина, пренесе Бета.

Полицијата веднаш излегла на местото на настанот и според првичните информации постои сомневање дека некои се повредени од огнено оружје, а други од фрагменти од стакло, рече Боровци.

Тој изјави дека во моментов најмалку две лица се осомничени дека се инволвирани во тој случај, а се откриваат и други можни осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Производителите на пченица се во загуба ако…

Благојче Богоески е млад земјоделец од село…

Премиерот повторно излажа: За учество на избори…

Да се тврди дека зголемувањето на прагот…

Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…

Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…

Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…

Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…

Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…