Почина Зорица Георгиевска, долгогодишна актерка и радио режисерка во Македонското Радио
Вчера, по кратко боледување почина Зорица Георгиевска, долгогодишна актерка и радио режисерка во Македонското Радио, авторка на повеќе радиодрами, една книга прозни записи „Од другата страна“, една книга сценарија објавени под наслов „Две сценарија за филм“. Авторка е на сликовницата „Прашалниците на Мирко“ (2023).
За Македонското радио има режирано повеќе од 200 радио драми. Авторка е и режисерка на популарноста радиодрама за деца „Телефонско јавување“ за која ја добива специјалната награда за радиодрама на Македонското радио. Режирала и за повеќе радио центри во бившите југословенски простори и во Словачка. Остварила значаен број актерски улоги во македонската радио драмска продукција и во значајни играни програми во МРТВ. Како статистка се појавува и во првиот македонски филм „Фросина“.
Добитничка е на повеќе награди за радио режија на фестивалот „Недела на Радиото“ во Охрид и на различни конкурси за радиодрамски дела во Македонското радио.
Како искусна режисерка, во последните десетина години од својот работен век експериментира во областа на радиофонијата и со посебен успех го промовира циклусот „Ехото на поетот“, јавувајќи се како интерпретатор, сценарист и режисер на издадени поетскомузички дела работени врз стиховите на познати македонски поети како Коста Рацин и Ацо Шопов.
По пензионирањето продолжува со пишување и ја издава книгата сценарија за филм. По повеќегодишен прекин, повторно се враќа на книжевноста. Она што е изненадувачки е дека во својата 80 година ги прави своите први цртежи, со нив предизвикува внимание во околината, а пошироката јавност имаше можност да ги види нејзините цртежи преку реализација на изложбата „Небото над Идила“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Мицкоски: Ние сме единствената држава што води…
„Кога споредуваме, ние мора да споредуваме една…
„Њузмакс“: Администрацијата на Трамп планира удар врз…
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира…
САД ЗАПОЧНАА МАСОВЕН ВОЕН ВОЗДУШЕН ТРАНСПОРТ КОН…
Соединетите Американски Држави започнале голема операција за…
ТРАМП ДОБИ ВОЕН БРИФИНГ ЗА НОВ НАПАД…
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска, 29 октомври,…
ПОЧИНА ЛЕГЕНДАРНИОТ АКТЕР ПАТРИК СТЈУАРТ: Ѕвездата на…
) Легендарниот британски актер сер Патрик Стјуарт,…