Почина културологот Крсто Скубев

t

Почина Крсто Скубев (71), долгогодишен културен работник, раководител на секторот за маркетинг на Македонската опера и балет, информираа од Националната опера и балет.

М-р Крсто Скубев е роден 1953 година во Радовиш, дипломиран продуцент на Факултетот за Драмски уметности – Скопје. Магистер по културологија (во книжевноста). Бил член на аматерски културно-уметнички друштва, долгогодишен член на АКУД „Мирче Ацев“, хорот на МРТВ, хорот на Операта на Македонскиот народен театар (МНТ).

Во МНТ работел од 1981 година. Толкувал неколку актерски улоги во Драмата на МНТ, како и солистички делници во Операта. Од 1995 до 2007, а потоа од 2013 до 2016 г. работел како раководител на Секторот за маркетинг, документација и издавачка дејност во МНТ и во Македонската опера и балет, автор е на многу текстови како и на книгата „Од Моцарт до мобилните телефони“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и…

Во врска со одлуката на Народната банка…

Вооружен судир на границата меѓу Јордан и…

Јорданските вооружени сили соопштија дека спречиле обид…

70.000 полицајци на улиците во Франција: Страв…

Франција денеска мобилизира 70.000 полицајци и жандарми…

ХАМНЕИ ИЗДАДЕ ДИРЕКТНА НАРЕДБА ДО АРМИЈАТА: На…

Иранскиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи издал стратешки…