Почина Марјан Додовски

t

Почина Марјан Додовски, поради компликации од коронавирус.

Марјан Додовски имаше богата политичка и професинална кариера, а ќе го паметиме по монументалниот проект за спас на Дојранското езеро.

Додовски во својата кариера беше:

Пратеник во Собранието на Република Македонија 2006-2008 година
Претседател на собраниската комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство
Раководител на секторот за заштита на животната средина и природата во Град Скопје. 2005- 2006 година
Член на Советот на Град Скопје. 2005 година
Министер за животна средина и просторно планирање и заменик министер за животна средина и просторно планирње. Влада на РМ-1998-2002 година
Реализација на Проектот за Спас на Дојранското Езеро
Професор по географија во О.У. “Крсте П. Мисирков”- Скопје1996-1997 година
Генерален секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1997-1998 година
Секретар на Движењето на екологистите на Македонија-ДЕМ, 1995 – 1997 година
Член на претседателството на Еколошко Друштво “Опстанок” – Скопје, 1994 година
Колумнист во дневни, неделни и месечни весници;
Аматерски активности во ликовната уметност- правец интарзија.
Автор на книгата Дојранско Езеро Од агонија до живот

Додовски беше и голем пријател на редакцијата на Инфомакс.

На Марјан му посакуваме светол пат кон вечноста. Почивај во мир!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ