Почина новинарот и уредник Трифун Талевски, татко на Ивона Талевска

t

Со голема жалост семејството и колегите ја споделија веста дека почина Трифун Талевски, долгогодишен уредник и новинар кој целиот свој професионален живот го помина во државната Македонска радио-телевизија (МРТВ), а претходно во Јутел и РТСкопје 1.

— реклама —

Талевски прво дипломирал на Воената воздухопловна академија – отсек пилоти во Загреб, а подоцна и на Факултетот за политички науки во Белград. Како најдобар студент во генерацијата, кариерата ја започнал во Јутел, за на почетокот од 70-тите да премине во РТСкопје 1, која по осамостојувањето прерасна во МРТВ.

Во 80-тите и 90-тите години веќе е препознаен како еден од најреномираните новинари и уредници во Внатрешно-политичката редакција. Беше уредник на централниот „Дневник“ и автор на емисијата „19.00“, која секој работен ден се емитуваше пред централното издание.

Подоцна беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописничката мрежа на МРТВ, а работеше и како уредник во Македонското радио. Со својата работа остави длабока трага во македонското новинарство преку илјадници текстови, прилози и емисии.

Трифун Талевски е роден на 19 октомври 1943 година во селото Габалавци, Битола. Зад себе ја остави сопругата Лимба, ќерката Ивона Талевска, која го наследи во новинарството, и синот Стефан Талевски, кој изгради успешна меѓународна кариера во Италија и САД.

Погребот ќе се одржи на 29 септември 2025 година (понеделник) во 12:00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје. – Скопје1.мк

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина новинарот и уредник Трифун Талевски, татко…

Со голема жалост семејството и колегите ја…

Муцунски објави што се разговарало на средбата…

Рацин.мк доби одговор на прашањата што ги…

Во црквата Свети Спас не се сите…

„Ќе започнам со една уникатна снимка, која…

Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот…

Спие ли мирно Панче Тошковски за случајот…

(Фото-вест) Полицијата легитимира минувачи со слушалки во…

Полицијата денеска на пешачки премини во општина…