Почина новинарот и уредник Трифун Талевски, татко на Ивона Талевска
Со голема жалост семејството и колегите ја споделија веста дека почина Трифун Талевски, долгогодишен уредник и новинар кој целиот свој професионален живот го помина во државната Македонска радио-телевизија (МРТВ), а претходно во Јутел и РТСкопје 1.
— реклама —
Талевски прво дипломирал на Воената воздухопловна академија – отсек пилоти во Загреб, а подоцна и на Факултетот за политички науки во Белград. Како најдобар студент во генерацијата, кариерата ја започнал во Јутел, за на почетокот од 70-тите да премине во РТСкопје 1, која по осамостојувањето прерасна во МРТВ.
Во 80-тите и 90-тите години веќе е препознаен како еден од најреномираните новинари и уредници во Внатрешно-политичката редакција. Беше уредник на централниот „Дневник“ и автор на емисијата „19.00“, која секој работен ден се емитуваше пред централното издание.
Подоцна беше дел од уредничкиот колегиум во создавањето на дописничката мрежа на МРТВ, а работеше и како уредник во Македонското радио. Со својата работа остави длабока трага во македонското новинарство преку илјадници текстови, прилози и емисии.
Трифун Талевски е роден на 19 октомври 1943 година во селото Габалавци, Битола. Зад себе ја остави сопругата Лимба, ќерката Ивона Талевска, која го наследи во новинарството, и синот Стефан Талевски, кој изгради успешна меѓународна кариера во Италија и САД.
Погребот ќе се одржи на 29 септември 2025 година (понеделник) во 12:00 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје. – Скопје1.мк
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД создаваат нова Космичка академија по моделот…
Претседателот на САД Доналд Трамп потпиша извршна…
ДЗС: Отстранети опасни гранати од минатите војни…
Пиротехничарот на ДЗС, Ѓорги Стефанов од атар…
ЛДП бара Владата да се огради од…
Либерално-демократската партија најостро ја осудува секоја форма…
Огнена ноќ низ Македонија: 31 пожар за…
Во периодот од 28 до 29 август,…
ВМРО-ДПМНЕ: Платите за 23 месеци пораснаа за…
Економските резултати најдобро се мерат преку конкретни…