Почина Петар Павловски: Ќе го паметиме по „Ах каде е мојто либе“

t

Вчера во Битола на 89 годишна возраст, почина Петар Павловски, доајен на македонската музика.

Петар Павловски, роден е 26 октомври 1935 година во Битола, каде живееше и работеше се до својата смрт.

Петар, битолчани ќе го паметат како доајен на македонската музика кој заедно со својата супруга Цвета, за што велеа дека дуеот и љубовта се врсници. Снимија околу шеесетина песни, а најпозната им е песната “Цветините очи черешово, сношти ги видов расплакани“. Тука се и познатите македонски песни “Ах, каде е мојто либе“, “Те видов и се заљубив“, “Дали думаш либе“ кои тие први ги ставија на носач на звук и до ден денес се пеат. Секако имаат снимено и голем број на други песни. Сите овие песни повозрасните битолчани го слушаа преку брановите на тогашното “Радио Битола“, каде и беа снимени, а настапуваа и на Радио Скопје. Дуетот Павловски има снимано песни и за продукциската куќа “Југотон“.

Петар Павловски покрај тоа што беше дует во музиката, за сопруга ја имаше Цвета Павловска, со која без во брак 62 години, а пред две години на свечен начин прославија 60 години брак.

Петар Павловски е еден од основачите на претријатието “Водовод и бањи“ во Битола, денешен “Водовод“, каде го помина целиот свој работен век. Павловски бил поранешен фудбалер на ФК Работник и ФК Југ од Битола, а својот спортски дух со возење велосипед, го оджување до крајот на животот.

Опелото и погребот на Петар Павловски ќе се одржат утре во Битола. Телото ќе биде изложено во црквата “Св. Димитрија“ во Битола од 10 до 12 часот, а погребот ќе биде во “Буковските гробишта“ во 13 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Маж се обиде да го погоди…

Непријатен инцидент се случил за време на…

Трамп за инцидентот кај американската база во…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека петтемина…

Левица до Филипче и Мицкоски: Немаме хипотеки…

Присуството на Левица на јавната трибина „Што…

Вучиќ поднесе оставка

Александар Вучиќ вечерва ја соопшти својата оставка…

Најмалку 10 исчезнати по лавина на Хималаите,…

Најмалку десет непалски планинари се водат како…