Почина познатиот актер Ленс Редик

t

Починал Ленс Редик, најпознат по улогите во ТВ сериите The Wire и филмската франшиза на Џон Вик, дознава TMZ. Редик почина на 60-годишна возраст.

Извор од органите на редот изјави за ТМЗ дека Ленс бил пронајден во неговиот дом денес. Причината за смртта засега не е откриена.

Ленс неодамна беше на турнеја на четвртиот дел од франшизата Џон Вик, во кој тој го игра Шарон. Тој имаше закажано гостување за следната недела во шоуто на Кели Кларксон.

Вчера на Инстаграм објави селфи со своите кучиња. Се одмарале на каучот. „На екранот и надвор од него, не е ни чудо што сакам да ги разгалувам моите кучиња“, напишал тој.

Играше во многу познати серии и филмови

Пред неговото вклучување во Џон Вик, многумина го паметат по улогата на Седрик Даниелс во хит серијата The Wire. Неговиот лик се појавува во сите пет сезони. Тој исто така имаше улоги во многу популарни серии, како што се Fringe, Bosch, Oz, Lost и сериите на Нетфликс Resident Evil.

Покрај неговиот успех на телевизија, Ленс има глумено и во филмови. Заедно со франшизата на Џон Вик, тој глумеше во филмови како Angel Has Fallen и Godzilla vs. Kong. Има и необјавени проекти, како што е улогата во претстојната серија на Дизни, Percy Jackson and the Olympians. Освен со глума, се занимавал и со музика, а студирал и на Јеил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ