Почина поранешната прва дама на САД, Розалин Картер
Поранешната прва дама на САД Розалин Картер, најблискиот советник на Џими Картер за време на неговиот мандат како претседател на САД и хуманитарен работник четири децении, почина денеска на 97-годишна возраст.
Центарот „Картер“ објави дека Розалин Картер починала по неколку месеци опаѓање на здравјето и долга историја на деменција.
Се вели дека таа починала мирно, опкружена со своето семејство, во нејзиниот дом во јужна Џорџија, пренесе АП.
Розалин беше мој рамноправен партнер во се што сум постигнал. Таа ми даде мудро водство и охрабрување кога ми требаше“, рече Џими Картер во изјавата.
Семејството Картер во мај оваа година објави дека поранешната прва дама има деменција, но продолжува да „живее среќно дома во Плејнс, Џорџија“.
Џими и Розалин Картер се венчале во 1946 година кога тој имал 21, а таа 18 и биле во брак повеќе од 77 години.
За разлика од многу претходни први дами, Розалин присуствувала на состаноците на владата, зборувала за контроверзни прашања и го претставувала својот сопруг на патувањата во странство, пренесува Танјуг.
Џими Картер беше претседател на САД од 1977 до 1981 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Америка крие тела на четири вида вонземјани,…
Научник, кој со децении работел со програмата…
Долгот на САД за првпат надмина 40…
Јавниот долг на САД за првпат ја…
Венецуела половина од произведената нафта ја испорачува…
Околу половина од нафтата што моментално се…
33% – Поддршката за Трамп падна на…
Поддршката за американскиот претседател Доналд Трамп падна…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторникот…