Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев
Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци, Иван Чулев.
Актуелниот градоначалник Митко Јанчев се прости од својот претходник на социјалната мрежа „Фејсбук“.
„Неговиот придонес за Кавадарци ќе остане трајно запаметен, а споменот за него ќе живее меѓу граѓаните и сите што имаа чест да го познаваат“, напиша Јанчев.
Иван Чулев е роден на 11 ноември 1934 година во Кавадарци.
Тој беше градоначалник на Кавадарци меѓу 1990 и 1996 година. Како прв човек на општината во време на транзиција, Чулев го водел градот при воведувањето на повеќепартискиот систем во независна Македонија.
Пред да застане на чело на општината, тој работел градежен инженер во ХЕЦ „Тиквеш“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од утре нема плаќање во готовина во…
Од утре патниците во градскиот и приградскиот…
Пожарот во Кавадарци бил подметнат, се очекува…
Од околу 30 пожари кои биле регистрирани…
Измамник од Кавадарци фатен со обележани 2.000…
На 23.07.2026 во 13:50 часот на Градски…
Позитивни вести: Кавадарци доби принова од 7…
Во Општата болница во Кавадарци во еден…
Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…
На 13.05.2026 во 17:00 часот, полициски службеници…