Почина првата сопруга на Вучиќ, позната српска новинарка
Новинарката Ксенија Вучиќ почина вчера ненадејно. Таа беше првата сопруга на српскиот претседател Алексанар Вучиќ со кого ги имаат двете деца, Данило и Милица.
Уредникот на Информер, Драган Вучиќевиќ во телевизиско гостување открива каков човек била Ксенија.
-Ксенија ја знаевме децении. Прекрасен човек, добар другар, пожртвувана мајка. Судбината е сурова. Почина во својот стан. Данило бил со неа, му починала на раце и тоа е страшно. Штом слушнал за тоа, претседателот отишол во нејзиниот дом. За 6-7 минути пристигнала Итната помош, се обиделе да ја реанимираат еден час, но немало помош, открива Вучиќевиќ кој додава дека се уште не се знае причината за смртта, но се претпоставува дека е тромб.
Како што информира Вучиќевиќ погребот ќе биде одржан утре на 31 јануари во 13:30 часот на Новите гробишта во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Влен ја претвора „Бардовци“ во семеен…
Уште еден скандал излегува на површина под…
Проданоски: Ниту едно подрачно училиште во Прилеп…
Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, информира…
Иран и Оман предлагаат привремен бродски коридор…
Оманскиот министер за надворешни работи Бадр бин…
Европската централна банка се подготвува за ново…
Европската централна банка се приближува кон ново…
Разрешениот украински министер за одбрана: Полека ја…
Се чини дека Украина полека ја губи…