Почина професорот Томе Батковски, експерт за тероризам, со сериозен придонес за безбедноста на Македонија

t

На 71 година, ноќеска во Охрид, ненадено почина професор д-р Томе Батковски, истакнат општественик, експерт од областа на безбедноста и автор на повеќе научни трудови.

Батковски е роден 1952 гидуба во Охрид. По завршувањето на Факултетот за политички науки во Белград, во 1975 година, го продолжува своето професионално усовршување преку магистерски и подоцна докторски труд на Факултетот за безбедност Скопје во 1993.

Со над 30-тина објавени трудови, професионални настапи од областа на тероризмот и контраразузнавањето, проф. д-р Томе Батковски даде сериозен придонес во поставувањето и оддржувањето на националната безбедност на Македонија и пошироко на Балканот. Пренесувањето на неговото знаење како вонреден професор на Факултетот за безбедност, обезбеди многу генерации млади кадри со практично и теоретско знаење од областа на организираниот криминал и терористичко дејствување.

Посмртните останки на Томе Батковски ќе бидат изложени во капелата на Градските гробишта во Охрид.

Фото: Преземено од МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Армиските „Волци“ со успешна обука во…

Припадници на Баталјонот на специјални сили –…

Украина со 650 дрона ја нападнала московската…

Вкупно 650 украински дронови ноќеска биле искористени…

Литванија ја укинува уставната забрана за нуклеарно…

Парламентот на Литванија гласаше за укинување на…

Мицкоски: Македонска економија е многу постабилна од…

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека ставовите на…

Фехми Стафа пред суд – Парите не…

Поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој издржува…