Почина Роби Колтрејн, најпознат по улогата во „Хари Потер“
Шкотскиот актер Роби Колтрејн, кој го играше омилениот лик Хагрид во екранизацијата на „Хари Потер“, почина на 73-годишна возраст, јавува „Би-би-си“.
Во соопштението, неговата агентка Белинда Рајт потврди дека актерот починал во болница во близина на Фалкирк, Шкотска и замоли да се почитува приватноста на неговото семејство.
Со улогата на чувар на клучевите и поседите во Хогвортс, тој стана популарен ширум светот и заработи милиони. Тој, исто така, се појави во детективската драма на ИТВ „Cracker“ и во филмовите за Џејмс Бонд „Златно око“и „Светот не е доволен“.
Многу обожаватели на Хари Потер беа шокирани кога актерот минатата година се појави во инвалидска количка на телевизиски специјален јубилеј по повод 20-годишнината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Пицула за БГНЕС: „Српскиот свет“ е опасен,…
„Српскиот свет“ е опасен. Местото на Западен…
Сè уште не почнала евакуацијата на македонските…
Македонските државјани кои се наоѓаат во Израел…
ЕХФ го затвори случајот со реваншот од…
Eвропската ракометна федерација денеска го затвори случајот…
Жена (61) запалила ѓубре, пожарот се проширил…
„Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе…
Градското собрание на Лос Анџелес ќе биде…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…