Објавено на:

Почина Рускиот амбасадор во САД

t

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина на 66-годишна возраст, соопшти руското министерство за надворешни работи. Причината за смртта не е наведена.

„Почина истакнат дипломат, искусен раководител, добар колега и ментор. Тој беше професионалец од највисок ранг и брилијантен познавач на американските прашања“, објави министерството.

Дарчиев го замени Анатоли Антонов на функцијата амбасадор во САД на почетокот на 2025 година, во услови на ненадејно затоплување на односите помеѓу САД и Русија по враќањето на Доналд Трамп во Белата куќа.

Како искусен дипломат, Дарчиев и претходно служел во руската амбасада во Вашингтон, пред да извршува функции во министерството за надворешни работи. Подоцна, тој поминал шест години како руски амбасадор во Канада и четири години раководел со Одделот за Северна Америка во министерството.

Дарчиев важеше за штитеник на Јури Ушаков, советникот за надворешна политика на Владимир Путин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Почина Рускиот амбасадор во САД

Рускиот амбасадор во САД, Александар Дарчиев, почина…

Позната компанија во стечај направила штета од…

Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава…

Поради закани за атентат од Иран: Американскиот…

Американскиот министер за финансии Скот Бесент е…

Зеленски категоричен: Нема да го предадам Донбас…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски категорично ја отфрли…

Објавата на Топ ченел има политичка заднина…

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамет…