Почина Симон Илиевски, доајен на охридското новинарство

t

По кратко боледување на 66 години денеска почина новинарот од Охрид, Симон Илиевски.

Се работи за еден од доајените на охридското новинарство.

Со новинарство почнал да се занимава уште од средношколските денови пишувајќи во гимназискиот весник „Јужен бран“, додека пак по завршување на студиите по новинарство во Скопје, пишувал за „Студентски збор“, белградски „Студент“ загребски „Студентски лист“, словенечките „Трибуна“ и „Катедра“, како и за весникот Младост, а кратко соработува и со Македонската радио телевизија.

Дописник бил на радио „Београд 202“, подоцна за „Студио Б“, а текстови објавувал и во познатите весници од времето на поранешна Југославија „Борба“, „Политика“ и„НИН“, а кратко соработувал и со државната агенција Танјуг.

Соработувал и со повеќе радија, а најголем печат остави во Радио „Охрид“, каде беше новинар долги години. По осамостојувањето на Македонија работеше во локалните телевизии АТВ од Струга, охридските „ТВМ“ и „НТВ“, а беше дописник на „Утрински весник“ од основањето и на телевизијата „Канал 5“.

Погребот е закажан за утре во 12:30 часот на градските гробишта во Охрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Земјите на Брикс со повисок економски раст…

Земјите од БРИКС се сметаат за петте…

Џафери со честитки за новите припадници на…

Техничкиот премиер Талат Џафери честитајќи им на…

Деспотовски: Македонија е стабилна земја со вредни…

Позитивната деловна клима за инвестирање, брзи и…

Топло, но со можност за невреме на…

Оваа година за 1 и за 2…

Навала од странски работници во Хрватска! Се…

Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО…