Објавено на:

Почина Славенка Дракулиќ

t

Славенка Дракулиќ, една од најпознатите современи хрватски писателки, новинарки и есеисти, почина. Таа почина на 77-годишна возраст, кратко по објавувањето на нејзината книга „Зошто никогаш не научив да готвам“.

Дракулиќ ја започна својата кариера како новинарка, пишувајќи за „Старт“, „Данас“ и „НИН“, а подоцна објавуваше во реномирани меѓународни медиуми како што се „Њујорк тајмс“, „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, „Ла Република“ и „Ел Мундо“.

Таа е авторка на бројни важни книги, вклучувајќи ги „Холограми на стравот“, „Како преживеавме“, „Не би згазиле мравка“, „Кафе Европа“ и „Балкан експрес“.

Во своите дела, таа се занимаваше со феминизмот, транзицијата, војната, Источна Европа и секојдневниот живот во посткомунистичките општества.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ