Објавено на:

Почина создавачот на „Драгонбол“

t

Создавачот на „Драгонбол“ – можеби еден од највлијателните и најпродавани јапонски стрип-уметници, Акира Торијама почина на 68-годишна возраст.

Стрип-серијата „Драгонбол“ првпат се појави во 1984 година, а приказната го следи момчето Гоку во неговата потрага и собирање волшебни змејови топки за да се одбрани од вонземјаните… Светски познатата серија за „Змејовата топка“ инспирираше и цел еден жанр – аниме (специфични јапонски цртани филмови и серии во тој стил), што го постави при врвот на современиот култ кон овој вид уметност.

Уметникот боледувал од акутен субдурален хематом. Тоа е вид крвавење во пределот на мозокот, соопшти денеска неговото студио. Торијама имал и недовршени дела во мигот на неговата смрт.

„Тој би имал уште многу што да покаже. Сепак, остави доста ‘манга’ (цртани дела, претходник на жанрот аниме) наслови и уметнички дела на овој свет. Се надеваме дека уникатниот свет на Торијама ќе продолжи да биде сакан од сите уште долго време“, се вели во соопштението.

Тој починал на 1 март. На погребот присуствувале само неговото семејство и неколку пријатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…